Ова е една од причините поради која ви се расипува киселата зелка од туршија: Рецепти за совршена зимска зелка, основа на многу специјалитети

Добивај вести на Viber

За да се подготви добра кисела зелка за туршија, не е доволно само да се знае соодносот на сол и вода – потребно е цело упатство од почеток до крај. 

Старите домаќини секогаш избирале најдобра зелка – слатка по вкус, со тенки жили. Главиците се чистат, засекуваат на коренот и во нив се става малку сол. 

Потоа се редат во буре со црево за преточување, се притискаат со камен и се прелеваат со слана вода. Зелката се преточува секојдневно, а кога ќе ја достигне саканата киселост се додава винобран.

Покрај целите главици, може да се подготви и рибанац – ситно рендана зелка која се посолува, набива и притиска со камен. По неколку дена на топло место, кога ќе се закваси, се додава винобран и потоа бурето се чува на ладно. Ваквиот рибанац е основа за бројни зимски специјалитети.

Freepik

Рецепти со кисела зелка за туршија

Сложенец со рибанац – во тава се редат сланина, кисела зелка, компир, морков, пашканат, пиперка и пилешко месо. Се прелева со вода и зачини и се пече во рерна околу два часа.

Свински ребра со кисела зелка за туршија – во тава се редат сланина, кисела зелка, ребра и зачини. Се додава сок од зелката и вода, па се пече на висока температура околу два часа.

Руски рецепт за кисела зелка за туршија – свежа зелка со морков, ротквица, сенф, ким и шеќер. Се става во тегла и се остава да ферментира 5–7 дена на собна температура.

Германски „Rotkohl“

Во Германија, популарна е динстаната виолетова зелка. Се подготвува со сланина, кромид и јаболко, кои ѝ даваат сладок и кисел вкус. На крај се додава јаболков оцет за да ја задржи бојата и аромата.

Киселата зелка за туршија е неизбежен дел од зимската трпеза – било како традиционален рибанац, било во комбинација со месо или по меѓународни рецепти. Со правилна подготовка и неколку кулинарски трикови, може да се ужива во нејзиниот вкус со месеци.

Фото извор: EPA