Нема да верувате колку вкусно може да биде ова: Бургери од тиквички (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Ако барате здраво, вкусно и едноставно јадење, тогаш овие бургери од тиквички се вистинскиот избор. Крцкави однадвор и меки и сочни одвнатре, тие се одлична замена за месо и совршени за брз ручек, лесна вечера или како предјадење. Богатиот вкус и едноставната подготовка гарантираат дека ќе исчезне од трпезата за кратко време.

Состојки

*1 тиквичка

*2 јајца

*2 лажици презла

*4 лажици гриз

*1/2 прашок за пециво

*масло по потреба

*сол и мелен бибер

*1 лажица гранулиран лук

*малку слатка пиперка

Подготовка:

Измешајте ги ренданите тиквички со јајца, презла, гриз, прашок за пециво и зачини, обликувајте плескавици и пржете ги во масло или во рерна додека не станат крцкави и златни.

Зошто се посебни?

-Брзи и лесни за подготовка.

-Крцкави однадвор, меки и сочни одвнатре.

-Здрава и лесна алтернатива на месото.

-Идеални за ручек, вечера или предјадење.

-Плескавиците од тиквички се јадење кое ќе ги освои сите генерации. Вкусни, хранливи и лесни, тие се совршен избор кога сакате нешто брзо и здраво, а сепак вкусно.

За детален метод на подготовка, погледнете го видеото.