Заработува милиони: Српска инфлуенсерка е родена како машко, за промена на пол чекаше 9 години, а денеска e атракција за некои мажи

Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ денес гордо ја споделува својата животна трансформација – од промената на полот до низа естетски зафати кои ја направија една од најатрактивните личности на социјалните мрежи.
Со долга кафеава коса, изразени облини и негуван изглед, таа секојдневно привлекува внимание, но и инспирира со својата отвореност за сопственото минато.
Николина е родена како машко, а за операцијата на промена на пол чекала цели девет години. Сè започнало во тинејџерските години кога ја прифатила својата вистинска природа и со 16 години започнала процес за добивање дозвола.
По долгите психолошки подготовки и медицински процедури, добила зелено светло и конечно ја реализирала својата најголема желба.
„Оваа операција ја сакам уште од детството, откако дознав дека е можно да се промени полот. Чекав девет години, а тоа беше еден од најтешките периоди во мојот живот. Но знаев дека тоа е мојот пат“, изјави Николина.
На својот Јутјуб канал таа отворено зборува за сите предизвици – од борбата со предрасуди, преку тешките моменти на опоравување, до чувството на слобода и самодоверба што конечно го добила. Денес, вели, е среќна што живее живот во кој е своја и без страв се појавува пред јавноста.
Извор: Мондо / Printscreen Instagram