„Жените денеска често бараат еднаквост во споделување на домашните обврски, но не и на финансиските“: Разговор со Дора Попова Узуновски за партнерските односи

Зголемен број на разводи, чести конфликти во бракот, промена на начинот на живеење и динамиката на брачните и семејните односи?
Ако се занимаваме со утврдување на причините од психолошки аспект ќе сфатиме дека и мажите и жените се справуваат со психолошки состојби и конфликти кои значително се одразуваат на меѓучовечките односи.
Според психологот Дора Попова - Узуновски, жените често се справуваат со внатрешен конфликт околу определеување на еднаквоста и како таа треба да изгледа во партнерските односи. Вели дека, жените често бараат еднаквост во поделба на домашните обврски, но кога ќе дојде момент на споделување и на финансиските обврски, туку отстапуваат од одговорност.
Од друга страна, во нејзината пракса се покажало дека мажите веќе не сакаат да го сносат целиот финансиски товар на домаќинствата и бараат жената да учествува и во бракот како економска заедница.
Овој нов стил на функционирање на партнерските односи често произведува кризни состојби, особено затоа што се испреплетуваат традициите, застарените очекувања и современи идеи кои не се комплементарни.
Целиот разговор со психологот Дора Попова - Узуновски можете да го проследите на линкот подолу:
М.С.К