„МАЈКА МИ МЕ ТЕПАШЕ И ЗЛОУПОТРЕБУВАШЕ, МЕ ВОВЛЕЧЕ ВО АФЕРА СО НЕЈЗИНИОТ ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР!“ Потресно сведоштво на поранешната сопруга на Бане Моиќевиќ

Поранешната сопруга на пејачот Бане Моиќевиќ, Милица Моиќевиќ, неодамна јавно проговори за трауматичното детство, откривајќи дека била жртва на злоупотреба од страна на својата мајка.
Во својата објава, таа го нарече нејзиното однесување „параноиден нарцисизам“ и го опиша својот живот како „однадвор сјај, одвнатре страдање“.
Во потресниот текст, таа вели дека зад затворени врати се случувало сериозно психичко, емоционално, физичко, па и сексуално злоставување – од страна на мајка ѝ и нејзиниот љубовник/деловен партнер.
„Бев вовлечена во нивната врска, спиев во ист кревет со нив, слушав караници, тепачки и бев сведок на нивните лаги и измами“, вели таа.
Милица вели дека како дете се чувствувала незаштитено, преплашено, осамено и посрамотено, а денес, како возрасна личност, се соочува со последиците од тоа. „Глумев дека сè е во ред. Луѓето ѝ се восхитуваа на мајка ми, а никој не знаеше низ што поминувам.“
Опишува дека мајка ѝ ја третирала како предмет, без чувства и сопствени желби, и ја „дресирала“ со поглед, а кога ќе молчела и трпела – ѝ давала скапи подароци и зборови од типот „мајка ти те сака најмногу“.
„Нашиот однос стана болен, патолошки. Бевме како симбиотска врска – само ние две, одвоени од целиот свет. Мајка ми ме контролираше целосно, не можев ништо да одлучам без неа.“
Таа открива и уште подлабока траума – нејзиниот тогашен партнер, кој ја злоставувал, подоцна имал и паралелна сексуална врска со нејзината мајка. „Тоа беше како бомба која ме разнесе одвнатре. Сѐ уште живеам со последиците.“
Изборот да студира психологија бил обид да побара помош и разбере што се случувало. По бројни терапии, дознала дека мајка ѝ има тешко нарушување на личноста – параноиден нарцисизам.
„Растењето покрај ваква мајка е исклучително болно. Тоа искуство го остави својот белег – добив тумор на ‘рбетот. По три операции и соочување со смртта, почна моето будење“, заклучува Милица.
ПОВЕЌЕ НА