Здравје // Рецепти
Лубеница во комбинација со сирење? Зошто да не! Рецепт за летна салата со лубеница, сирење и краставица - Освежителна и богата со вкусови

Сигурно не сте помислиле дека лубеницата оди во иста чинија со краставица и сирење.
Но, токму оваа невообичаена комбинација е летниот гастрономски хит кој освежува, заситува и изненадува со совршен баланс на слатко и солено.
Потребни состојки (порција за двајца):
- 1 свежа краставица
- 5–6 парчиња лубеница (исчистени од семки)
- 5–6 коцки сирење (по вкус, како за грчка салата)
Начин на подготовка:
Исечкајте ја краставицата на тенки кругчиња или полумесечини. Лубеницата и сирењето сечете ги на коцки и нежно измешајте ги со краставицата.
По желба, прелијте со малку маслиново масло или со сируп од јаболко, доколку сакате да го потенцирате слаткиот вкус.
Оваа салата е идеална за летен ручек, лесна вечера или оброк на тераса. Брза е за подготовка, хранлива и освежувачка.
Не бара дополнителен прилог, ниту пијачка – дури ни вода – бидејќи самата лубеница ја дава целата сочност што ви е потребна.
РЖМ