Секогаш избирајте конзервирана, наместо свежа риба: Нутриционистка со совет за поголема безбедност во исхраната

Добивај вести на Viber

Конзервирањето овозможува храната да остане свежа и безбедна за јадење, особено онаа што е подложна на развој на патогени. 

Во процесот на конзервирање, намирниците поминуваат и низ стерилизација.

Нутриционистката д-р Џес Кординг објаснува дека, според струката, најздравата конзервирана храна се сардините, но и другите видови риба во конзерва, бидејќи се достапен извор на протеини, одржливи се и не бараат долго време за подготовка или готвење.

„Конзервираните сардини обично содржат помалку жива од многу други видови риба и се сметаат за еден од најдобрите избори кога станува збор за морска храна, особено ако свежа риба не ви е достапна“, вели д-р Кординг.

Со консумирањето сардини, додава таа, внесуваме голема количина протеини, витамин Д и противвоспалителни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло кое често се користи при конзервирањето обезбедува мононезаситени масти корисни за срцето.

Стручњаците препорачуваат од две до три порции конзервирана риба неделно – можете да ја комбинирате со тестенини, како самостојно јадење или како додаток во различни салати.

Извор: Еспресо