Спие на пари, но сама си прави ајвар: Пејачката го сподели традиционалниот рецепт на нејзиното семејство

Пејачката Тамара Милутиновиќ почна со подготовка на зимница, а во сè тоа ѝ помага нејзината ќеркичка, која неодамна наполни две години.
Имено, Тамара Милутиновиќ секој слободен момент го користи за да биде со своето семејство, а сега решила да започне со правење ајвар.
Пејачката ги засука ракавите, ја испече пиперката и почна со чистење, а целиот процес ѝ го разубави ќерката која не се одвојуваше од неа.
– Време е за ајвар – напиша Тамара Милутиновиќ, која позираше во целосно опуштено издание, без грам шминка, додека ја бакнуваше малата Емили.
Инаку, пејачката на 5 септември ѝ го прослави вториот роденден на ќерката. Тамара и нејзиниот сопруг, фудбалерот Дарко Јевтиќ, ѝ приредија на својата миленичка Емили забава како од бајка.
Декорацијата со замок украсен со балони, цвеќе, светлечки пеперутки и печурки ги воодушеви сите гости.
На прославата присуствуваа многу колеги на пејачката: Катарина Грујиќ, Милан Динчиќ Динча со сопругата и децата, потоа Гога Гачиќ со своите деца, Надица Адемов која донесе посебен подарок – огромно куче за славеничката, како и Урош Живковиќ, кој неодамна стана татко.
Извор/Инстаграм/Freepik