Неодамна го прослави својот 29 роденден. Вага која секогаш ја гледа светлината во секоја ситуација. Од грешките ги прифаќа само поуките. Својата кариера ја започна на детскиот Евросонг. Шармантна и мила, секогаш украсена со својата насмевка Викторија Лоба ни откри дека нејзината мајка е животен темел на кој секогаш се потпира. Сподели дека го подготвува својот најнов албум и несебично се предава на своите фанови. Деновиве е актуелна со својот најнов сингл „Дојди“ со кој порачува: „Сакам девојките да не се плашат да ги кажат своите желби и ставови, а пред сè никогаш да не ја кријат својата природа, својата вистинска личност зошто сите сме прекрасни и уникатни на свој начин. „Дојди“ е глас на една самостојна и смела девојка која знае што сака, знае да се забавува и иако носи розеви очила не е ограничена.“
Женски МагазинКога првпат сфативте дека музиката ќе биде ваша професија?Викторија Лоба Сфатив дека музиката ќе биде мојата професија и мојот живот, кога за прв пат настапив на големата сцена на детската Евровизија во Копенхаген во 2003 година. Не постои посовршено чувство од таа магична енергија која ја давам и примам назад, како фидбек од публиката. Тоа е мојата храна, верувам моите колеги го имаат искусено тоа чувство, после кое нема назад:)Женски МагазинПочнавте како дете. Кои се впечатоците од настапот на детската Евровизија?Викторија ЛобаНе бев свесна што ми се случува и колку е тоа големо и значајно за мене. После Евровизија, кога се вративме во Скопје, дојдов на себе. Благодарна сум што уште на 14 години, ми се отвори патот кон естрадата и сега сум среќна во мојата професија.
Женски Магазин Вашиот прв бенд беше во училиште. Дали се слушате со членовите од тој бенд?Викторија ЛобаКонтактите се изгубени за жал. Денес живееме многу активно, се надевам некогаш ќе се сретнам пак со моите пријателки од детството и музичките почетоци, за да ги споделиме хумористичните моменти од тоа време.
Женски МагазинКоја е песната која ве потсетува на детството?Викторија Лоба „My heart will go on“ од Селин Дион Хахаха))) се сеќавам бев второ одделение и на секој мал одмор им ја пеев песната на другарчињата од клас. Им благодарам што ме толерираа и не ме зезаа за тоа)))
Женски МагазинНеодамна наполнивте 29 години. Што си поставивте како ваши следни цели во иднина?Викторија Лоба Мојата основна цел во животот е да сум секогаш среќна и слободна да го правам тоа што ме прави радосна. Секогаш се трудам сите проблеми да ги прифатам со позитивни емоции и да ги решам така. Животот ме научи да не се разочарувам, туку да си давам шанса и да се поправам за која било грешка. Ако ме прашувате за моите цели на професионален план, секако работам секојдневно на тоа. Мојот албум веќе е 80% готов и во блиска иднина сакам да направам голем концерт за сите мои пријатели и фанови и да им ја презентирам мојата нова музика.
Женски Магазин Вашиот последен сингл е различен од онаа Вики на која сме навикнати. Која беше целта? Сакате да ги охрабрите младите девојки да ја сакаат слободата?Викторија ЛобаСакам девојките да не се плашат да ги кажат своите желби и ставови, а пред сè никогаш да не ја кријат својата природа, својата вистинска личност зошто сите сме прекрасни и уникатни на свој начин. „Дојди“ е глас на една самостојна и смела девојка која знае што сака, знае да се забавува и иако носи розеви очила не е ограничена.
Женски МагазинВелосипед или автомобил, што почесто практикувате?Викторија ЛобаНемам велосипед, но напролет планирам да си набавам. Живеам во Центар, па најчесто пешки се движам, само на подалечни дестинации морам да запалам кола.
Женски Магазин Вашата мајка е на некој начин вашиот идол. Како би ја опишале? Колку таа знае да ве насочи? Дали ве критикува?Викторија Лоба Мама ми е се! Ме советува и се секира многу за мене, јас се трудам да не и создавам дополнителни грижи. Знаете некогаш мајка може да биде и твојата сродна душа, ја обожавам!
Женски МагазинКако ја дефинирате љубовта?Викторија ЛобаЉубов е подарок кој го даваш, моќна и светла енергија која ја споделуваш со сите кои ги сакаш. Љубовта е безусловна и не треба да бара ништо за возврат. Љубовта е почит пред сè!
Женски МагазинДоколку сега сме во Русија, каде би не одвеле како водич?Викторија ЛобаБи ве одвела на чај со торта во Vogue Caffe на Црвен плоштад, за да ја вкусите модерната страна на Москва, а потоа на прошетка покрај Москва река се до Горки Парк кој е опеан во песната на Scorpions - „Wind of change“ за да ја доживеете нејзината романтична душа.
Женски МагазинЈога или фитнес, кој е изборот на Викторија?Викторија ЛобаСепак фитнес.
Женски МагазинКаква мајка би била Викторија?Викторија ЛобаНајдобра за моето дете и умерено строга
Женски МагазинКоја книга задолжително би им ја препорачале на своите деца?Викторија Лоба Анастасија од Владимир Мегре. За да ја доживеат бајката за Анастасија од Сибир и во исто време да ги испровоцирам да погледнат на животот од поинаква перспектива
Женски МагазинКоја е најмоќната женска личност, според Вас?
Викторија Лоба Најмоќната женска личност за мене е кралицата Елизабета Втора, која многу млада и неискусна на свои 27 години мораше да го преземе тронот на својот починат татко, кралот Џорџ Петти| и достојно да го води кралството, да се откаже од сите свои желби во полза на својата мисија и титула. А доколку мислиме на женската убавина како вид на моќ, секогаш најмоќна за мене ќе остане Грејс Кели.