Интервјуа // Интервјуа
                    
                Интервју со Катерина Котлареска Манеска: Жените лидери имаат формула за успех
 
                     Женски Магазин -Кој ќе биде главниот фокус на конференцијата?
Катерина- На конференцијата покрај вмрежувањето, посетителите ќе слушнат вистински приказни на жените - презентери кои, иако го знаат вкусот на неуспехот, ја искористиле својата внатрешна сила за да успеат – ќе покажат како го сториле тоа. Ќе слушнат како да направите разлика во бизнисот, односите и приватниот живот. Ќе добијат инспирација како да работат и да наполнат енергија за следни предизвици. На конференцијата исто така ќе можат да слушнат како до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот и животот. Ќе има и значајни предавања и од експерти за женско претприемништво
Женски Магазин- Која е најголемата вредност која ќе ја добијат посетителите на конференцијата?
Катерина -Посетителите на овој настан ќе си потврдат дека не се сами, дека сите ние го поминуваме претприемачкиот пат. На настанот ќе има презентери од Македонија и регионов кои се успешни во своето работење. Секој од нив на посетителите ќе им го пренесе својот пат кон успехот и секој од нив ќе им каже по неколку совети, како во иднина да постапуваат. Значи, покрај вмрежувањето, мотивацијата, забавата посетителите ќе добијат и конкретни насоки кои можат да им послужат во иднина.
Женски Магазин- Кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат жените лидери? Имате ли некакви сознанија? Каква е разликата помеѓу Македонија, Балканот и Европа?
Катерина- Во Македонија има 50% женска популација, жени на пазарот на труд се 43,1%, но во 44% од компаниите немаат жени на водечки позиции. Во банкарскиот сектор, процентот на жени на водечки позиции е околу 23%, во осигурителните групации просечно има 19% жени, додека европскиот и балканскиот просек е околу 23%. Таргетот на Европа е до 2020 година околу 40% од жените да бидат во управувачките и надзорните структури.
Женски Магазин -Ќе можеме ли да застанеме на долги патеки рамо до рамо со жените лидерки од Европа и светот?
Катерина- Жената како носител на правен субјект – фирма кај нас е застапена со приближно 30% од вкупниот број на компании, но за жал нашите компании во сопственост на жени спаѓаат во доменот на микро и мали претпријатија, каде што обртот на средства е многу мал, па така и заработката. За жал, повеќето се отворени заради потребата од преживување а не од желбата за да се биде претприемач, но сепак мислам дека се приближуваме се повеќе кон жените кон светот иако нашиот пат е многу потежок.
За Женски Магазин, Вики Чадиковска