Интервјуа // Интервјуа
                    
                ИНТЕРВЈУ СО СТЕФАН БОГОЕВ: Ивана ми е најголема поддршка во кариерата
 
                     Женски Магазин* Многу двојки пред да станат емотивни партнери биле најдобри пријатели. Дали тоа беше случај и со Вас? Како се запознавте? Како започна сè?
Богоев - Се запознавме пред скоро девет години. Пред тоа воопшто не се познававме. Се најдовме во „Клуб Картел“ кој тогаш постоеше. Од првиот момент имаше искра и почнавме интензивно да комуницираме. Почнавме и да се гледаме, беше убаво и да бидам искрен уште оттогаш имав претчувство дека ќе трае. Оттогаш, покрај љубовта станавме и најдобри другари, партнери. Споделуваме сè. Ивана ми е и најголема поддршка во кариерата, а и јас во нејзината.
Женски Магазин* Заедно сте релативно долго. Во секоја врска има и кризни моменти. Не е секогаш лесно да се приспособите на нечии навики и потреби. Како Вие останавте толку време?
Богоев - Погодени сме си што би рекол народот „како тенџерче и капаче“ (се смее). Не сме имале некои посериозни кризи, а се надевам дека и нема да ги имаме. Многу е полесно кога некој те разбира и го разбираш за сè. А и после кавга која што е нормална работа, учиме нова лекција и врската се подобрува.

 Женски Магазин* Што работи Вашата партнерка? Кои е се нејзините професионални интереси?
Богоев - Ивана е бренд менаџер во парфимериите „Еликсир“. Се бави со мода, козметика и здрав живот. Инаку е дипломиран политиколог. Работата ја исполнува, исто како мојата што ме исполнува мене. Верувам дека и тоа влијае позитивно на нашиот однос, бидејќи двајцата го работиме тоа што го сакаме.
Женски Магазин* Кои се Вашите заеднички животни приоритети?
Богоев - Среќа, здравје, деца, внуци и секако успеси на професионален план. Во ситуација како нашата, 1+1 не е еднакво на 2, туку на многу повеќе.
Женски Магазин* Каква веселба планирате? Дали сте повеќе за класична свадба или сепак планирате нешто поинтимно?
Богоев - Сè уште не сме размислувале детално за тоа. Јас секако сум повеќе за нешто помодерно, што би се рекло „младешки“. Класична свадба секако не. Кругот на пријатели ни е релативно млад и затоа сакам да биде помодерно и забавно. Интимно тешко дека ќе биде (се смее).
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов