Интервјуа // Интервјуа
                    
                ИНТЕРВЈУ Јоци: Кога нема фер плеј, вадам боксирач!
 
                     Женски Магазин Не посакавте ли некогаш, своите цитати да ги соберете и да ги спакувате во книга?
Јоци Да, размислувам. Убаво е хронолошки сето тоа да се спакува со црвена панделка, за да остане трага.
Мислам дека веќе имам две книги само од објавени текстови на социјални мрежи.
Женски Магазин Сакате ли да читате? Има ли книги кои ги доживувате како инспиративни?
Јоци Да, политичкиот маркетинг и креирање на јавно мислење се моја пасија. Значи, читам стручна литература. Со години.
Но, Горан Стефановски е мој омилен македонски драмски писател кој ме инспирира.
Го читам и по неколку пати во годината. Особено „Диво месо“, често и го цитирам кај мене. И секојпат ме инспирира одново. Можеби затоа што ништо не е сменето 30 години. Тоа е феномен.
А, тој тоа однапред го знаел. Сега повторно ќе го читам, четири негови книги.
Македонија нема многу такви луѓе, кои, така добро го сецираат македонскиот менталитет како тој.
Женски Магазин Дали во Македонија, жените се еднакви со мажите? Дали исто тежи кога нешто ќе каже или направи жена, и кога истото доаѓа од маж?
Јоци Не се еднакви и тоа е видлив контраст во многу професии. Пример, иако во новинарството во нашата земја, најголем процент се новинарки, наназад 20 години, на прсти може да се набројат главни уреднички на медиуми.
А, за тежината на зборот, да, еднакви сме.
Тука веќе немам дилеми. Јавноста ја сака вистината и фактите, не гледа дали тие доаѓаат од маж или жена.

 Женски Магазин Во Македонија политичарите се ѕвезди. Со оглед на тоа дека студираше политикологија, не посака во ниеден миг да станеш политичар?
Јоци Сакав. На мои 20 години. Бев и член на  СДСМ. Не е тоа никаква тајна. Се насочив кон тоа, но по игра на нештата, подоцна се одлучив за новинарство.
Сега не сакам да се занимавам со македонска политика одблиску, можеби во иднина. Не знам.
Познавајќи се себеси, не. Во вакви околности и со ваква деградирана политичка сцена, без почитување на елементарни правила на игра, јас никому не му требам да му кажувам како треба.
Женски Магазин Кој е твојот најиспиративен лик, кога се во прашање медиумите и новинарите воопшто?
Јоци Додека студирав ме инспирираше Катерина Блажевска. Нејзината мисла. По десет години, ми стана шеф и инспирацијата исчезна. Така наеднаш. Пуф.
Години наназад, ретко гледам телевизија и читам весници. Има бивши колеги кои ги почитувам, секако, и од постарата и од помладата генерација. Кои знаат и како и зошто. И се држат. Малку се.
Женски Магазин Дали социјалните мрежи влијаат врз професионализмот во медиумите? Дали придонесоа за унапредување или уназадување на јавната комуникација?
Јоци Сепак за уназадување. Јавната комуникација е на многу ниско ниво во виртуелниот свет, а се префрли и во мејнстрим медиумите со тек на време.
Едноставно, никој не работи на зборот, фактите, културата, ферплејот, сите се свртени кон навредите. Интернетот придонесе за тоа. И тоа е магичен круг на недоразбирања. Некој ќе почне, друг продолжува. А, крај нема.
Се обидувате да одговорите и да се одбраните соодветно, во секој случај. Ако некој не е за фер плеј, вадите „боксирач“. Поточно, мавате со зборот како што некој заслужил.
Женски Магазин Може ли новинарството повторно да стане почитувана професија?
Јоци Не. Затоа и ја напуштив. Кажав што имав како новинар и не сакав повеќе да се мешам со мнозинство од луѓе, кои, не се мој ранг.

 Женски Магазин Имате хоби. Сликате. Што ја разбранува таа љубов?
Јоци Љубовта кон аматерска графика и резба ја имам од дете. Уште од основно училиште.
Наставничката по ликовна уметност, Светлана, беше многу посветена кон талентираните и од оваа дистанца, таа, е претпоставувам виновникот.
Моите цртежи и резби ги подарувам на луѓето кои ги сакам. Некои ми се врамени и дома.
Женски Магазин Не посакувате ли свој весник, кој Вие ќе го уредувате?
Јоци Никогаш. Особено, не сега.
Иднината е во интернетот. Тоа го сфатив уште пред девет години. И работев напорно на тоа.
Женски Магазин Со која песна би се опишале себеси?
Јоци „ Forever J“ од Тери Хал. Јас многу добро се познавам себеси и сум на чисто со себе.
Стихови од оваа песна, има и кај мене на профил. Зборува за жена која во исто време знае да биде и пекол и рај, добра и многу лоша, не се задоволува долгорочно туку-така, не се добива лесно, има прекрасни очи, прави магија и секогаш го добива она што навистина ќе го посака.
За Женски Магазин, Вики Чадиковска