Моден фокус // Стил Профил
25 години, безвременски тренд: Stuart Weitzman – чизми 5050

Омилените чизми меѓу познатите!
Станува збор за препознатливите длабоки чизми 5050 кои се до колена, и даваат потполно нова модерна и шик нота. Ова се чизмите, кои можат да се комбинираат буквално со сѐ, од тесни,,skinny“ фармерки, до фустанчиња во најразлични должини. Она што ги прави овие чизми уникатни е токму универзалниот растеглив дел кој се наоѓа на задниот дел од чизмите.
Уште од далечната 1993-та па се до денес, овие обувки се голем фаворит и помеѓу славните личности како што се Анџелина Џоли и Селена Гомез. Својата колекција, Stuart Weitzman ја прошири со додавањето на нови модели во различни бои во својата колекција, чизми со висока или пониска потпетица, како и можноста да се купат изработени од кожа или од антилоп.
