3 брзи ручеци што ги подготвувам кога немам време: Готови за 15 минути, совршено вкусни и здрави

Работното време кај нас дома го диктира и мени-то. Поради тоа, „брзите рецепти“ се единственото на што се потпирам и што слепо го следам.
„Што ќе има денес за ручек?“ – е прашањето со кое ме пречекуваат децата штом ќе влезам во куќата. Додека месото сè уште е длабоко замрзнато во замрзнувачот, а тестенините уредно спакувани во фолија – сите би сакале ручекот веќе да се крчка, но тоа е невозможно.
Затоа најчесто прибегнувам кон брзи оброци кои се подготвуваат за петнаесетина минути, а сепак се здрави и вкусни. Еве три проверени рецепти кои редовно ги правам кога треба брз ручек:Чорба од леќа
Основни информации
-
Кујна: Балканска / посно јадење
-
Тип: Супа и чорба
-
Време за подготовка: 15 минути
-
Вкупно време: 30 минути
-
Број на порции: 6
-
Тежина на подготовка: Средно
-
Калории по порција: околу 160–180 kcal
Состојки
-
400 г црвена леќа
-
2 лажици масло
-
2 изрендани моркови
-
1 главица кромид
-
2 чешниња лук
-
сол, бибер, свеж магдонос
Подготовка
-
Измијте ја леќата.
-
На масло издинстајте морков, ситно сечкан кромид и лук.
-
Додајте ја измиената леќа и зачините.
-
Налејте вода и варете околу 15 минути.
-
На крај додајте ситно сечкан магдонос и послужете топло со препечен леб.
Њоки со пилешко
Основни информации
-
Кујна: Италијанска / интернационална
-
Тип: Главно јадење
-
Време за подготовка: 20 минути
-
Вкупно време: 40–45 минути
-
Број на порции: 6
-
Тежина на подготовка: Средно
-
Калории по порција: околу 400–450 kcal
Состојки
-
400 г њоки (обични или интегрални)
-
400 г пилешки гради
-
2 лажици масло
-
1 главица кромид
-
2 чешниња лук
-
300 г спанаќ (замрзнат)
-
250 мл павлака за готвење
-
сол и бибер
-
рендан кашкавал (по желба)
Подготовка
-
Сварете ги њоките (5 минути во врела вода).
-
Во тава со масло издинстајте го пилешкото исечкано на коцки (може и замрзнато).
-
Додајте ситно сечкан кромид и лук.
-
Ставете го спанаќот и промешајте.
-
Додајте зачини и павлака за готвење.
-
Кога спанаќот ќе се растопи, додајте ги исцедените њоки.
-
Послужете топло, со кашкавал по желба.
Рижото со зеленчук
Основни информации
-
Кујна: Италијанска / вегетаријанска
-
Тип: Главно јадење
-
Време за подготовка: 15 минути
-
Вкупно време: 35–40 минути
-
Број на порции: 6
-
Тежина на подготовка: Средно
-
Калории по порција: околу 220–250 kcal
Состојки
-
300 г бел ориз
-
1 главица кромид
-
1 изрендан морков
-
1 тиквичка (на коцки)
-
300 г слатка пченка (замрзната)
-
сол, бибер, куркума
Подготовка
-
Измијте го оризот.
-
На масло издинстајте кромид и морков.
-
Додајте тиквичка, па оставете да омекне.
-
Додајте пченка и зачини.
-
Ставете го оризот и промешајте.
-
Кога ќе почне да се лепи, налејте вода.
-
Варете 5 минути, промешајте и ако е потребно додадете уште малку вода.
-
По неколку минути рижотото е готово.