А1 Македонија, генерален спонзор на „Охридско лето“, ќе биде домаќин на концерт на Џијан Емин и Националниот џез оркестар

Добивај вести на Viber

На 10 август, во рамки на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи концерт кој ветува вистинско уживање за сите љубители на музиката. Овој настан е дел од традицијата што организаторот на фестивалот ја негува долги години, поддржувајќи врвни музички изведби во рамките на програмата.

Џијан Емин, еден од највпечатливите џез музичари во регионот, автор, музичар и диригент заедно со Националниот џез оркестар, ќе понудат вечер полна со маестрални изведби и силни емоции на сцената на Долни Сарај во Охрид. Гостин на концертот ќе биде познатиот нигериски уметник Шеон Кутина саксофон кој ќе придонесе со својот уникатен музички израз за уште повпечатливо доживување на вечерта.

„Охридско лето“ е фестивал што со децении го збогатува нашето културно наследство и собира уметници и публика од целиот свет. Како генерален спонзор, А1 Македонија е исклучително горда што може да биде дел од оваа убава приказна.

„За нас е голема чест што го поддржуваме “Охридско лето”, фестивал кој потсетува колку е важна културата и уметноста во животот на секој од нас. Бидејќи поддршката на вакви концерти во рамки на фестивалот претставува традиција, како генерален спонзор ја продолжуваме со концертот на Џијан Емин и Националниот џез оркестар. Убедени сме дека на сите присутни ќе подариме една незаборавна вечер, бидејќи музиката има моќ да ги поврзе луѓето, да носи радост и инспирација и токму тоа сакаме да го споделиме со сите што ќе дојдат. Ве очекуваме да уживаме заедно во Охрид!“, изјави Бранкица Толевска, раководител на Одделот за бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Фестивалот „Охридско лето“ оваа година започна на 12 јули и досега ја воодушевува публиката со богата и разновидна програма исполнета со врвни музички и театарски настани. Со 65 години традиција, „Охридско лето“ повторно се потврдува како еден од најзначајните културни настани во регионот, со уметници од светски ранг и љубители на уметноста од целата земја и пошироко.

ПР објава