Акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ на 14 ноември во „Македонска филхармонија“

Добивај вести на Viber

По минатогодишниот спектакл пред преполната арена „Борис Трајковски“, македонската музичка дива Калиопи, повторно ќе настапи пред домашната публика, овојпат во ексклузивна, unplugged верзија “100% live”, на 14 ноември 2025 година, во салата на Македонска филхармонија во Скопје. 

Настанот е во организација на „Прагма продукција“ и истиот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста, зборот и емоцијата што Калиопи ја носи со секој здив. 

Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина. Со поддршка од нејзиниот бенд, составен од врвни музичари и со внимателно изграден аранжман, концертот во Филхармонија ќе биде уникатно уметничко доживување, различно од се што сме слушнале досега.

Бројот на места е ограничен, а интересот веќе е огромен. Овој концерт ќе биде доживување за сите љубители на вистинската музика, интимно, автентично и незаборавно. Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.

Фото: Вангел Тануровски