АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ИЗДВОИ 400.000 ЗА ПОРОДУВАЊЕ... Се породи во најскапата болница во Србија, еве што доби за оваа „пикантна“ сума

Пејачката Александра Пријовиќ се породи во најлуксузната приватна клиника во Србија.
Таа ја избра болницата што нуди најсовремена медицинска нега, за што издвојила дури 400.000 динари.
Во цената биле вклучени целосна приватност, раскошен апартман од највисок ранг, најдобар анестезиолог, како и тим лекари специјализирани за најсложени породувања.
– За Александра комфорот, приватноста и стручноста беа апсолутен приоритет. Сакаше да се породи во мир, опкружена со најдобриот медицински тим, без стрес и јавен притисок.
Долго, заедно со Филип, размислуваа каде ќе ја донесат ќеркичката на свет, а изборот падна на новоотворена болница во едно елитно белградско маало. Сумата од 400.000 динари не е мала, но Прија работеше и заработи, па може да си дозволи само најдобро – открил извор за медиумите.
Породувањето поминало одлично
Александра Пријовиќ на свет го донесе своето второ дете. И мајката и бебето се чувствуваат одлично, а породувањето поминало во најдобар ред.
Името на бебето
Гордите родители за својата наследничка го избраа името Ариа.
Името Ариа е често во персиското говорно подрачје и Индија, а неговото значење е „благородно“, „чесно“ или „чисто“. Во Европа, Ариа е женско италијанско име што се преведува како „зрак“. Негови варијанти се Аријана, Аријан, Арјан, Арја.
Сигурно е дека гордите родители за својата принцеза избрале име препознатливо насекаде во светот, но и усогласено со името на братчето Александар, кое исто така започнува на буквата А. Дополнително, името Ариа има и значење „звук“, добро познато за музичари какви што се Александра и Филип.
Извор: Kurir.rs