Ана Костадиновска покажа дека музиката лечи – настап во Штип со кој ја крена публиката на нозе

Добивај вести на Viber

Ана Костадиновска, придружниот вокал на некогашниот популарен бенд ДНК, синоќа настапи на традиционалната Штипска пастрмајлијада. 

Како една од тројцата преживеани членови од кобниот кочански пожар, Ана со голема сила и храброст се врати на сцената и донесе емоции какви што ретко се гледаат.

На својот Инстаграм профил таа сподели фотографии и видеа од настанот, а бројната публика во Штип со воодушевување ја поздрави. На сцената изгледаше прекрасно и зрачеше со топлина, а во неколку моменти позираше со своите колеги музичари на сцена, кои ѝ дадоа силна поддршка.

Во еден шеговит коментар на социјалните мрежи, Костадиновска напиша дека овојпат нема место за „цезар салата“ – дел од нејзиното вообичаено мени – туку за вистинската штипска пастрмајлија. Со тоа покажа дека и покрај болката, успева да ја зачува насмевката и блискоста со својата публика.

Настапот на Ана беше повеќе од музички перформанс – тоа беше симбол на нов почеток, сила и сеќавање на пријателите и колегите кои трагично ги изгуби. Штипјани ја пречекаа со громогласен аплауз, а таа уште еднаш докажа дека музиката има моќ да лекува и обединува.