Дамјан Стоименовски со нова песна: „Води ме“ ја освојува публиката
Тој е магистер по право, но страста кон музиката го води уште од најмладите години.
Зад себе има бројни настапи и признанија — учествувал на „Макфест“, WAF Awards, Студентско лето во Босна и Херцеговина, како и на повеќе државни музички натпревари, каде што освојувал награди и признанија за вокална изведба.
Песната „Води ме“ е современа поп-балада што зборува за љубовта, желбата и моментите кога срцето го победува разумот.
Музиката ја потпишува Toby Tolga Mazhar, текстот е на Дамјан Стоименовски, а аранжманот и продукцијата се на Андреј Ник.
Резултатот е нумера со модерен звук и длабока емоционална приказна што лесно се памети уште од првото слушање.
Во видеото се појавува и атрактивна девојка, која преку својата улога внесува деликатна доза мистерија и страст.
Сцените се внимателно избрани, со фокус на емоцијата и уметничкиот израз на авторот.