Дивата која изјави дека попрво би родила куче отколку дете се бори за живот: Брижит Бардо е во болница веќе три недели

Француската филмска икона и страстна активистка за правата на животните, Брижит Бардо, веќе три недели се наоѓа во болница.
Според француските медиуми, 91-годишната актерка е хоспитализирана во приватната болница „Сен-Жан“ во Тулон, недалеку од нејзиниот дом во Сен Тропе.
Како што пренесува италијанскиот весник Il Messaggero, Бардо има сериозни здравствени проблеми и била подложена на хируршка интервенција поради тешка болест.
Иако лекарите очекуваат наскоро да биде пуштена од болница, нејзината здравствена состојба сè уште се смета за загрижувачка.
Филмска божица и симбол на слобода
Брижит Бардо беше вистинска икона на француската кинематографија и симбол на слободна и сензуална жена. Веќе на 15 години се појавила на насловната страница на магазинот Elle, а само неколку години подоцна станала најпрепознатливото лице на европскиот филм во педесеттите и шеесеттите години.
Нејзиниот љубовен живот бил исто толку бурен колку и кариерата. Според нејзините изјави, имала повеќе од сто љубовници, и мажи и жени. Но зад блескавата слика на филмската дива се криеле длабока тага, семејни трауми и неколку обиди за самоубиство.
Забранета љубов и првиот обид за самоубиство
На само 16 години, Бардо се вљубила во асистентот на режија Роже Вадим, кој бил шест години постар. Нејзините родители биле остро против таа врска и ѝ забраниле да го гледа.
Очајна, таа се обидела да си го одземе животот — ставила глава во загреана рерна, но родителите ја пронашле навреме и ја спасиле.
Штом станала полнолетна, се омажила за Вадим. Тој од неа создаде вистинска филмска ѕвезда, а нивниот брак траеше четири години, сè до моментот кога се заљубила во актерот Жан Луј Трентинјан.
Подоцна Вадим изјави: „Подобро е да имаш неверна жена со дух, отколку верна без страст.“
Фото извор: EPA