Домашна магија во тегла: Лесни и брзи рецепти за зимница за модерни домаќинки

Добивај вести на Viber

Со првите пожолтени лисја и свежиот есенски воздух, низ македонските кујни повторно се шири познатиот мирис на печени пиперки, варен ајвар и други домашни зимници.

Есенската сезона не е само премин кон студените денови, туку и време на традиција, семејна топлина и вредни раце кои создаваат вкусови што ќе не' греат цела зима. Во секоја тегла се крие мал дел од душата на домаќинството – пренесено знаење, љубов и сеќавања кои ги поврзуваат генерациите. Зимницата не е само храна – таа е приказна, ритуал и дел од нашето културно наследство.

Ове два рецепти кои се прават брзо ќе ви го олеснат процесот во создавањето на домашната зимница.

Кисел кромид во тегла

Потребен ви е црвен кромид, кој се сецка на полукругови. Така исецканиот кромид се става во тегла и се полева со врела вода. Ја затворате теглата и оставате малку да отстои. Потоа таа вода ја истурате, па во теглата ставате:

* 2 лажичка шеќер
* 2 сол
* 200 ml. јаболков оцет
*во остатокот од теглата полијте го со вода

Киселиот и крцкав кромид може да се консумира по само 6 часа.

Кисели краставички во тегла

Одбирате корнишони, кои ги сецкате на тркалца. Ги редите во тегла и додавате:

* 2 лажички сол
* 100 ml. јаболков оцет
* вода
* бибер (зрна)

View this post on Instagram

A post shared by Vladimir Stevanovic (@food.vladimir)

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Freepik.com