Еј радост голема, европско за Македонија

Добивај вести на Viber

Повеќе од 6.000 навивачи во СЦ „Јане Сандански“ на нозе ја прославија победата на ракометната репрезентација на Македонија во дуелот со Литванија. Ни беше потребна победа од само два гола разлика за пласман на европското ракометно првенство. Но, нашите ракометари со одличната игра натпреварот го завршија со разлика од девет гола ( 26-17)

Публиката со фенеричното навивање беше

Адут плус на избраниците на Кирил Лазаров во битката за втората позиција на табелата, која ни обезбеди осмо учество на континенталниот собир.

Македонците се големи фанови на ракометот. Покрај верните навивачи кои се присутни речиси на секој натпревар, во салата беа присутни различни мали деца, девојки, момчиња дотерани со дрерсови и опремени со различни реквизити, како припадници на постарите генерации. 

На табелата во групата 1 каде што е Македонија, Словенија е прва, Македонија втора.

С.А.Н

Фото Вангел Тануровски

Галерија: