Face Yoga водич: како да постигнете, здраво, обликувано и сјајно лице?

Добивај вести на Viber

Помеѓу сите современи трендови за нега и разгалување на лицето, само еден се истакнува како најефективен за одржување на еластичноста на кожата и зајакнување на мускулите на лицето – тоа е јогата за лице, глобално позната како Face yoga. А во продолжение ќе дознаете како да ја практикувате и зошто јогата за лице треба да биде дел од сечие секојдневие.

Јогата за лице се состои од серија на повторувачки движења на одредени делови од лицето кои имаат за цел да ги таргетираат и раздвижат мускулите кои поретко ги користиме. Со секојдневно истегање и зајакнување на мускулите, активно се забавува стареењето на кожата и се одржува оној незаменлив природен сјај.

Класичната јога потекнува од Индија, пред околу 5.000 години – меѓутоа, мускулите на лицето не биле дел од учењата во тоа време. Но интересот за негата на лице се зголемуваше во тек на годините, па во 2006 Јапонката Фумико Такацу ја воспостави јогата за лице како серија на вежби и движења кои помагаат да се ревитализираат мускулите и да се подобри циркулацијата во лицето.

Со помош на мини-масажи, насочени движења и гримаси, Такацу успеала да го врати животот во мускулите на нејзиното лице по тешката несреќа која ја преживеала и оттогаш решава да ја сподели оваа практика со целиот свет. А тоа може да го направи секој, со само неколку вежби и десетина минути дневно. За најдобри резултати, најдобро е да се започне со вежбите откако ќе ја завршите дневната рутина за нега на лице: прво измијте го лицетосо алое освежителниот гел за миење лице на Balea, па нанесете ja хидратантната крема со алое на Balea од dm и потоа направете три до пет вежби за лице. Еве и неколку примери кои ќе ви покажат колку е лесно да се практикува јога за лице:

Вежба за среќни образи

Целосно затворете ја устата и потоа насмевнете се, развлекувајќи ги краевите од устата. На овој начин, ги подигате мускулите на образите. Ставете ги прстите на краевите од устата и полека придвижете ги нагоре кон јаболчниците. Држете ја оваа позиција 20 секунди и потоа опуштете го лицето. А потоа, повторете ја вежбата.

Торнадо

Вежба која ќе ви помогне да ги омекнете малите брчки кои се формираат околу усните. Со јазикот обиколете ја внатрешноста на вашите усни три пати, а потоа повтерете во спротивна насока. Повторете ја вежбата десет пати.

Вежба против брчките меѓу веѓите

Испружете ги показалците и ставете ги на средината меѓу веѓите. Потоа намрштете се, а истовремено со показалците туркајте ги веѓите на страна. Повторете ја вежбата 10 пати. Ова ги опушта мускулите меѓу веѓите и го одложува создавањето на брчки помеѓу нив.

Вкупно 23 мускули и мускулни групи ви овозможуваат да се смеете, да ги намуртите веѓите или да ја свиткате брадата. И токму тоа се мускулите што ги таргетирате во јогата за лице. Затоа, не го одложувајте задоволството ниту ден повеќе – започнете со јога за лице уште денеска.

ПР објава