Fashion Group нè носи во Амстердам: Комбинација што ќе ја обожавате оваа есен

Добивај вести на Viber

Модната инспирација доаѓа од Fashion Group Macedonia, кои овојпат нè носат на стилско патување низ Амстердам – градот на велосипедите, каналите и беспрекорниот вкус за минимализам.

Оваа комбинација во топли кафеави тонови е совршен баланс помеѓу урбана енергија и боемски дух. Коженото здолниште и јакната од Guess внесуваат впечатлив карактер, додека кафеавата маичка од Mango и балетанките ја смируваат целината со суптилна елеганција.


Акцентот е на деталите: очилата со бела рамка, капа со натпис, и чантата со print од Parfois кои ја разигруваат комбинацијата и ѝ даваат младешки, модерен дух.

Совршен избор за сите што сакаат да изгледаат стилски, удобно и сигурно во сопствениот израз – без претерување, но со став кој не останува незабележан.


РЖМ/ИС  - ФОТО-Fashion Group Macedonia