Опинци за 150 евра хит: Она од што се срамиме на Балканот стана најнов моден тренд во светот ВИДЕО/ФОТО

Добивај вести на Viber

ТикТокерка од Босна и Херцеговина, која живее во Шведска и објавува под профилот @gabbzziii, сподели вирално видео од чевли што ги видела во продавница за чевли во Шведска, предизвикувајќи бројни реакции од следбениците на Балканот.

„Опинци за 150 евра“

Имено, таа ги снимила чевлите што ги видела на полиците, кои неодоливо личат на традиционалните опинци – и чинат 150 евра. „Опинки за 150 евра, најнова мода“, вели таа.

„Додека ние на Балканот се срамиме од селските опинци, во Шведска тие се најновиот моден тренд – 150 евра, па дури и доаѓаат во портокалова боја“, додаде таа во видеото.



За што всушност станува збор?

Иако чевлите навистина личат на гумени опинци или галоши, тие се машки гумени галоши од норвешкиот бренд Swims, кој е специјализиран за модерна и функционална обувка.


Овој вид обувка служи како водоотпорна заштита што се вовлекува преку класичните машки чевли за да ги заштити од дожд и нечистотија. Официјалната веб-страница на брендот покажува како галошите се носат преку чевлите, со што ви овозможуваат да одржувате деловен изглед дури и во лоши временски услови.

Галошите се достапни во портокалова, црна, темно сина и маслинесто зелена боја, а цените се движат од околу 80 евра, односно 900 норвешки круни.


„Сè направивме први“

Видеото предизвика бројни коментари. „Бевме модерни без да го сфатиме тоа“, „Сè направивме први“, „Баленсијага издава гумени штикли, а цената е 3.000 евра“ и „Кој е виновен ако не го заштитивме патентот“, се некои од нив.


РЖМ/ИС  - Фото: Tiktok printscreen


**Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група