Оваа есен ќе владее „моќната класика“: Мантилот и чантата што мора да ги имате!

Добивај вести на Viber

Секоја есен има своја модна приказна, а оваа година таа е јасна – класичните парчиња со модерен пресврт повторно се на врвот на трендовите. Мантилот од новата колекција на HUGO е дефинитивен „it“ моден избор кој ќе ја освежи твојата гардероба. Со својата префинета линија и силуета што зрачи со елеганција, овој мантил ја комбинира моќта на класиката со свежината на современиот стил. Тоа го прави совршен за жени кои сакаат да изгледаат силно, самоуверено и секогаш во чекор со модата.

Она што го прави мантилот уште попосакуван е неговата универзалност. Може да се носи преку деловен костум во канцеларија, со фармерки за кежуал излегување или пак со елегантна вечерна комбинација. Тој е вистинската дефиниција за моден „investment piece“ кој ќе трае со години.


Но, ниеден аутфит не е комплетен без совршената чанта. Оваа сезона, црната GUESS чанта се издвојува како „must-have“ моден додаток. Пространа, практична и секогаш во тренд, таа е создадена за урбани жени кои секогаш се во движење. Доволно голема за да собере сè што ѝ е потребно на една модерна жена во текот на денот, а доволно елегантна за да ја следи и на вечерно излегување – оваа чанта е совршен спој меѓу стил и функционалност.


Есен 2025 носи трендови кои не бараат компромис меѓу практичност и стил – напротив, тие се еден со друг поврзани. Мантилот на HUGO и класичната GUESS чанта се токму тоа – модни парчиња што ќе те издвојат и ќе внесат моќ, елеганција и софистицираност во секоја комбинација.

Ако сакаш да бидеш чекор пред сите оваа есен, тогаш ова е комбинацијата што треба да ја пробаш, a деталите ќе ги најдете на Фешн груп официјалната страница тука.



РЖМ/ИС  - Фото: Фешн груп