Станови од 18 квадрати ќе станат иднината на домувањето: Сосема доволен простор во кој ќе имате место за сѐ

Добивај вести на Viber

Мал стан од само 18 квадрати во Јапонија може да изгледа многу поголем отколку што навистина е, а клучот за тоа се големите прозорци кои внесуваат изобилство светлина и го прават просторот пријатен и отворен.

Секој сантиметар е внимателно искористен, па дури и најскромниот агол станува функционален и естетски пријатен.

Креветот е сместен покрај еден од прозорците, а над него се наоѓа полица за одлагање работи, што овозможува спалната зона да остане уредна.

Кујната е осмислена во форма на островче кое го одвојува влезниот дел од останатиот простор. Таму се наоѓаат мијалникот и мала вградена плоча со две рингли, додека на спротивната страна се сместени кујнските елементи. 

Овој дел е изненадувачки функционален и практичен. Островчето е доволно длабоко за да има и дополнителна улога – како работна површина и место за складирање.

Бања

Купатилото изненадува со удобноста. Иако просторот е мал, благодарение на паметниот распоред и светлите тонови, изгледа многу пространо отколку што би се очекувало.

Во иднина би можела да се направи мала адаптација: наместо стандардната када да се вгради туш-кабина, а дел од просторот покрај тушот да се претвори во комора со машина за перење и сушење.

Извор / Youtube / Genki Living Japan