Елена и Антониа во стилска пресметка: Македонски „western“ моден двобој на пејачките

Добивај вести на Viber

Македонските музички ѕвезди Елена Ристеска и Антониа Гиговска влегоа во вистински моден двобој, и тоа во стилот што го наметна светската дива Бијонсе со нејзиниот хит „Texas Hold’em“. Фотографиите кои двете ги споделија на социјалните мрежи, веднаш го привлече вниманието – и тоа не само поради музиката, туку и поради дрскиот, самоуверен и урбан „western“ изглед.

Елена Ристеска блеска во елегантна, но бунтовна каубојска комбинација – црн мини фустан со широк појас украсен со метални детали, црни чизми до колена и каубојска шапка. Со брановидна коса и дискретен накит, нејзиниот изглед оддава впечаток на урбана дама со дрска енергија. Стил кој подеднакво би се вклопил на модна писта.

Антониа Гиговска пак, оди чекор поинтензивно – во многу послободен, секси и провокативен western стил. Со длабоко деколте, кожен корсет и црни кратки панталони, таа внесува доза на гламурозен предаторски шарм. Чизми до колена, марама на глава и симболичниот „трон“ направен од традиционални оружја зад неа, додаваат силна визуелна симболика – мешавина на моќ, женственост и автентичност.

Нема сомнеж дека и двете пејачки успешно го „јаваат“ новиот тренд на country-western гламур, популаризиран од Бијонсе, но секоја на свој уникатен начин.

Заедничко на пејачките на овие фотграфии освен модниот western двобој, го имаат и нивниот соработник и близок пријател мејкап артистот Даниел Николовски кој се погрижил да блеснат и двете дами.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм