Антониа Гиговска неодолива во ретро стил: Марамите како нејзин нов моден потпис

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Антониа Гиговска повторно покажа дека, покрај извонредниот вокал, поседува и беспрекорен моден стил кој секогаш остава впечаток. Деновиве таа сподели два сосема различни, но подеднакво впечатливи изгледи, со кои уште еднаш потврди дека не се плаши да експериментира и секогаш успева да го направи тоа со стил.

На првиот изглед, подготвен за приватен настап, Антониа блеска во живописна комбинација со животински принт, дополнета со впечатливи очила и портокалово-шарена марама која додава ретро-гламур. Комбинацијата на боите и текстурите создава совршен баланс помеѓу смелост и елеганција, типично за Антониа која знае како да го претвори секој настап во модна изјава.

На вториот изглед, пак, кој го подготви специјално за концертот на Лејди Гага, Гиговска изгледа како вистинска модна икона од големите светски метрополи. Таа избра долг црн сјаен мантил со драматична марама од иста текстура, комбинирана со смел црвен кармин што совршено ја заокружува моќната и авангардна естетика. Совршен избор за настан инспириран од поп-кралицата на ексцентричноста.

Антониа последниве месеци е во центарот на вниманието не само поради модните изданија, туку и поради музичките успеси. На неодамнешниот Макфест, таа освои награда за најслушана песна помеѓу двата фестивали со хитот „Жена“, настапувајќи во уште еден впечатлив изглед што публиката долго ќе го памети.

Без сомнение, Антониа Гиговска продолжува да биде инспирација – уметница која постојано се менува, експериментира и никогаш не промашува, било на сцената или надвор од неа.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм