Пчелиниот отров е лек за луѓето: Апитерапевтот Ристо Андоновски за лекување на белодробните заболувања со помош на пчелините активности

Добивај вести на Viber

Апитерапија е алтернативна метода за превенција и третман пред сѐ на белодробни заболувања, која во Македонија се применува од страна на лиценцирани апитерапевти.

Оваа метода, вклучува пчелин отров кој е концентриран во посебни сандачиња изработени од екоматеријали, кој се вдишува преку посебни пумпици, а долготрајните терапии имаат бенефит врз здравјето на луѓето особено оние кои имаат астма или други белодробни хронични заболувања. 

Заега придобивките од апитерапијата ги пријавуваат задоволните корисници - пациентите, но со однос на тоа што е алтернативна метода, класичната медицина сѐ уште ги нема научно потврдено резултатите поради што, како што и самите апитерапевти велат, изостанува соработката со лекарите и истражувачите кои работат под парадигма на класичната медицина. 

Инаку придобивките од пчелините производи се познати по здравјето на луѓето. Медот се користи во превенција и во третман на разни болести, а често го има и во сирупи за подигање на имунитет за дечиња над 1 година.

Пчелите се едни од најважните жители на планетата, без кои нејзиниот опстанок би се довел во прашање. Дури одредени социолози, признаваат дека пчелите се единствениот род покрај луѓето кои се способни за создавање на организирани заедници - познати како општества на пчелите. 

Кога пчелините производи ќе се употребат за целите на човечкото здравје, резултатите се фасцинанти, тврди нашиот денешен соговорник, лиценциран апитерапевт Ристо Андоновски. Целиот разговор проследете го во продолжение:


Магдалена Стојмановиќ - Константинов 


*Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група