Од „Пинкови ѕвездички“, преку „Макфест“ до музички настапи на крузер: За Александра Трајческа музиката е јазикот на светот

Добивај вести на Viber

Млада, харизматична и неверојатно талентирана – Александра Трајческа од Прилеп е едно од оние имиња кои сè почесто ги слушаме на домашната музичка сцена. Публиката за првпат ја запозна преку детското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, каде нејзината искреност, глас и енергија веднаш ја издвоија од другите. Но, по она што навистина стана препознатлива беше нејзиното појавување на естрадата со настапот на „Макфест“ во 2023 година, каде со впечатлива интерпретација и силна песна ја покажа зрелоста и уметничкиот напредок кој го има постигнато.

Александра не е само пејачка со специфична боја на глас – таа е уметник кој знае што сака и каде сака да ја насочи нејзината кариера. Зад себе има богато искуство и како дел од бенд кој настапувал на крузер, каде ја спои љубовта кон музиката со страста за патувања. Денес, таа е подготвена за нови музички предизвици и сцени, а ние имавме можност да разговараме со неа за нејзиносто уникатно искуство, инспирации и планови за иднината.

Талентираната Александра во 2023 година го привлече вниманието на пошироката јавност со својот впечатлив настап на сцената на „Макфест“, каде во дебитантската вечер ја освои публиката со песната „Не сакам“. Но, музичкото патување на Александра Трајчевска од Прилеп започнало многу порано – уште на шестгодишна возраст, инспирирана од нејзината постара сестра која свирела клавир.

-Во светот на музиката влегов на свои 6 години кога сакав да бидам како мојата постара сестра која свиреше клавир одлично и со таква некаква грациозност, па и јас морав да бидам клавијатуристка и се запишав на овој инструмент во државното музичко училиште. Музиката не ја чувстувам толку како повик туку составен дел од мојот живот, едноставно без неа не се познавам себеси, во мојот свет се се врти околу музиката и сите делови на животот ги судам и доживувам со помош на музиката.

Иако нејзината љубов кон музиката започнала уште од најмала возраст, вистинскиот поттик за пеење доаѓа од еден навидум случаен момент што ќе го промени текот на нејзиниот живот. Уште како дете, Александра се нашла во светлото на сцената на регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“, каде првпат го почувствувала вистинското влијание на музиката – не само како уметност, туку како начин на комуникација и поврзување со луѓето.

-Сосема случајно се пријавив на регионалното шоу на „Пинкови Ѕвездички“ какодете.Гледајќи ги и другите деца како настапуваат,се дружат и забавуваат посакав и јас дасум како нив,и откако стапнав на таа сцена и согледав како преку моето пеење и настап   можам да предизвикам кај луѓето среќа,нежност,тага сфатив колку впрочем музиката емногу повеќе од забава,туку едно заедничко сочувствување,начин за разбирање,и начинна поврзување со другите луѓе.

Кога зборуваме за музички стилови, многумина се обидуваат да се вклопат во одреден жанровски шаблон. Но, за Александра музиката никогаш не била рамка – туку простор за слободен израз, истражување и постојано надминување на граници.

-Не би се ограничувала жанровски.За мене музиката е целосна слобода,а кога веќе ја имамслободата да летам каде што сакам, не останувам само врз еден континент,музиката миовозможува да летам и надвор од Земјата.

Нејзиниот глас веднаш се издвојува – нежен, топол и полн со емоција, совршено се вклопува со звуците што носат мирис на југот, на страст и танц. Не е ни чудо што токму кубанските ритми и боса нова мелодиите ѝ се толку блиски – како создадени за нејзината вокална боја и музичка чувствителност.

-Ритамот.Ритамот на оваа музика е толку специфичен,интересен, едноставно те тера датанцуваш,романтично,со пасија.

Во својата музичка кариера, Александра успешно балансира меѓу различни улоги – како дел од групата „Bossa Under Cover“, како придружен вокал во „Crossroad Blues Band“, но и како соло изведувач. Ова музичко „разделување“ ѝ овозможува да доживее две различни димензии на креативност – колективната енергија и сензитивноста на групната изведба, наспроти интимноста и слободата што ја носи самостојното настапување.

-Тимската работа отсекогаш била основата на музиката.Таа е начин на музиката да седодадат повеќе бои,нијанси, а човечкиот мозок е поскокотлив на нови и различниработи.Сакам да работам со различни луѓе и различни визии со цел креирање на нови инепознати работи за мене,учам и созревам на начини на кои не можам самата,ноработата која ја работам сама е поосознавачка за мојот карактер, ме тера да се соголам ида се предизвикам,да се ослободам од сите стравови и јас да бидам главен возач иакоуживам,и можеби е дури и полесно, да си на совозачкото седиште.

Малкумина имаат среќа да ги спојат двете најголеми љубови во едно – музиката и патувањето. Александра е една од нив. Работејќи како пејачка на крузер, таа не само што имала можност да настапува пред разнолика публика, туку и да ја доживее музиката во сосема нов контекст – постојано во движење, на различни локации, опкружена со интернационални музичари и нови култури. Едно сосема поинакво, но многу вредно искуство кое доаѓа речиси случајно, но остава трајна трага.

-Ова искуство беше сосема случајно,но искрено штом чув дека постои толку една добраможност,неможев да кажам не.Работев како пејачка на 8 член бенд,запознав колеги коиработеле со регионални ѕвезди како Лепа Брена,колеги кои се повозрасни од мене и менаучија на многу и целото искуство беше навистина одлично.

Работата на брод често се доживува како билет за обиколка на светот, но вистината е малку посложена – сè зависи од тоа што точно работиш. За среќа, Александра и нејзините музички колеги ја имале таа ретка привилегија да имаат време и за себе, надвор од сцената. Тоа ѝ овозможило не само да ја живее музиката, туку и да истражува нови места, култури и пејзажи.

-Оваа информација е половично точна,вистината е дека доколку работиш на брод наодредени позиции ќе имаш време,но на други позиции и не.Јас и другите музичари јаимавме таа привилегија,да имаме навистина драстично помал работен ден додека сме наброд,затоа што нашата работа е дома па имавме доста време да шетаме.Јас лично сезаљубив во Гибралтар,природата,плажите,националниот парк,навистина нешто уникатнои морам еден ден повторно да се вратам.

Да се застане пред публика од најразлични краеви на светот е предизвик, но и привилегија што малкумина ја доживуваат. За Александра, тоа било секојдневие додека настапувала на крузер – сцена што не познава граници, јазици или култури, туку само енергија и емоција. Музиката, вели таа, е универзален јазик што ги поврзува луѓето, а нејзините настапи биле вистински доказ за таа магија.

-Музиката е јазик на светот, таа не се разбира таа, таа се чувствува така да не беше тешко дасе поврземе иако не го зборуваме истиот јазик.Публиката ја чувстува енергијата и со такваенергија и враќа затоа е многу битно да сме во добро расположениемузичарите,одморени и спремни да дадеме се од себе за да ги направиме лицата преднас среќни.Песните повеќето беа на англиски,но имаше неколкугермански,шпански,португалски,се бираа најголемите хитови без разлика најазикот.Гостите ги запознавме и со македонска музика,преку поинтимни концерти например со „Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“ и реагираа позитивно и воодушевено.

По богатото искуство стекнато на странски сцени и патувања ширум светот, Александра денес својот фокус го насочува кон домашната музичка сцена. Иако патувањето ѝ донело многу инспирација и убави моменти, таа чувствува дека токму сега е вистинското време да твори на свој јазик, во својата земја.

-Искрено патувањето по светот е прекрасно,но како што велат старите „дома си е дома“,моментално сакам да се посветам тука и да творам на наш јазик,во нашата земја.Моментално работам на нова песна која нема да има романтичен мотив.Текстот гонапишав самата и е навистина од почеток до крај мое лично искуство како девојка во овојсвет.Се надевам ќе му помогнам и на другите да ги ослободат своите,можеби потиснатиемоции со неа.

Во светот на музиката, каде што предизвиците често се дел од патот, мотивацијата е клучна за да се продолжи напред. За Александра, тоа е љубовта и поддршката од најблиските, која ѝ дава сила да ги надмине сите тешкотии. Со јасна визија и посветеност, таа се гледа во иднината како музичар кој продолжува да создава и да се развива – во студиото, со инспирација од сопствените, но и од туѓите искуства. Најголемиот нејзини музички со е „добра фанк песна напишана од Nile Rogregs“.

Габриела Додевска Глигоровска