„Ти си женско, ти си туѓа куќа“: Зборови на моите родители кои уште ме болат, но сега сум своја куќа благодарение на нивната бесчувствителност

Добивај вести на Viber

„Ти си женско, ти си туѓа куќа“ – кога ќе се сетам на тие зборови од моите родители и ден-денес ме боли душата.

Ме болеше многу секој пат кога ќе ја видев нивната поголема приврзаност кон синот, нему ништо не смееше да му недостига, тој се чуваше под стаклено ѕвоно.

А јас... јас бев туѓа куќа. Се омажив и отидов што подалеку можев. Во туѓа земја, со по два куфера во рака, јас и маж ми почнавме од нула – сами и без ничија помош.

Тешко беше, но со време успеавме и застанавме на нозе. Ни се допадна животот што го имавме таму некаде, решивме да се скуќиме засекогаш и купивме наша куќа. Тој ден, кога го потпишавме договорот за купопродажба и ги земавме клучевите, веднаш отидовме во нашиот нов дом. Кога влеговме, маж ми ми ги подаде клучевите и ми рече: „Сега повеќе не си туѓа куќа, сега ова е твојата куќа. Купив куќа за срцето твое да се смири.“ А јас... јас само плачев.

Сега имам свој дом, но празнината што ја носам поради недостаток на љубов од моите родители – таа никогаш не може да се пополни.