11 тајни за убавина што во Италија се пренесуваат од мајка на ќерка: Правила што од обична жена прават убавица

Добивај вести на Viber

Кога ќе ја посетите сончевата Италија, покрај пицата и архитектурата, веднаш ќе ве маѓепсаат и жените – познати по својата природна убавина и безвременски стил.

 Нивните тајни за негуван изглед се едноставни, природни и пренесувани од генерација на генерација.

Италијанките не се плашат од сонце – обожаваат да се релаксираат на плажа, но знаат кога да побараат ладовина и секогаш користат креми за заштита и стилски очила.

 Лимонот е нивно универзално оружје: се користи за кожа, коса и нокти, а воедно и како пијалок за освежување.

„Не ги чепкајте веѓите“ е нивно правило – се одржуваат природни, без премногу обликување.

Маслиновото масло е задолжителен дел од нивната рутина – за готвење, но и за нега на лице, тело и коса. Кога станува збор за косата, Италијанките претпочитаат сув шампон и природно сушење, за да ја зачуваат нејзината густина и сјај.

Модните правила се исто така јасни: црните хулахопки се дозволени, додека беж варијантите се табу. 

Летните фустани ги комбинираат со црни детали за урбан изглед. Во есенските месеци избираат горна облека во силни бои и интересни принтови.

Физичката форма ја одржуваат со прошетки и качување по скали, а светлуцавите работи ги оставаат само за вечерни излегувања. Иако обожаваат тестенини, фокаќа и чоколадо, не држат диети – клучот е во умереноста.

Така Италијанките остануваат симбол на природен шарм и женственост – од глава до пети.

Извор / Wikipedia / Freepik