Бакнувајте се со нив: Тие се мајстори на страстта и незаборавни партнери!

Според мислењата на астролозите, потребни се неколку клучни состојки за вашиот хороскопски знак да се најде на листата на најдобри бакнувачи во Зодијакот: самодоверба, страст, искуство и емоционална интелигенција.
Малку нешта ја одржуваат искрата во една врска како страстен бакнеж. Иако возбуда може да се пронајде со секој хороскопски знак, важно е да се разбере како секој од нив сака да се гали – и да се бакнува. За некои луѓе тоа едноставно доаѓа природно, додека други се малку повоздржани.
Јарец
Кога станува збор за искуство, никој не може да го надмине јарецот. Нивната природна самодоверба и сигурност можат да делуваат застрашувачки во деловниот свет, но истото се одразува и во нивната способност за бакнување.
Иако немаат промискуитетна природа како некои други знаци, јарците знаат како со еден бакнеж да изразат посветеност – и да направат партнерот да се чувствува сигурно. Нивните бакнежи можат да ве натераат да слушнете свадбени ѕвона уште на првиот состанок.
Близнаци
Овие друштвени „пеперутки“ се познати по својата комуникативност, па сосема е логично што знаат што да прават со своите усни. Близнаците сакаат да стекнуваат нови пријателства каде и да одат.
Можеби тешко ќе ги освоите на почеток, но ако можете да одржите чекор со нивната остроумност, ќе бидете наградени со полн со смеа и страст бакнеж што трае до изгрејсонце.
Шкорпија
Ако барате љубов како од филм, ќе наидете на шкорпија. Овие мистични знаци ретко први приоѓаат – претпочитаат другите да направат чекор први. Но под нивната површина се крие посесивна и длабоко страствена енергија.
Кога најмалку очекувате, ќе ве вовлечат во суров, интензивен бакнеж што одзема здив. Знаат да бидат премногу силни, но токму таа страст ги прави шкорпиите едни од најдобрите бакнувачи во зодијакот.
Извор: b92