Македонските историчари, подржани од грчки професори тврдат дека Скопје е Јустинијана Прима: Додека ја молат државата за пари за истражувања, Србите веќе го прогласија Лебане за Јустинијана Прима

Добивај вести на Viber

Македонски црковни историчари и класични филолози тврдат дека, токму на територијата на Скопје се наоѓаат остатоци од некогашната Јустинијана Прима. 

Оваа теорија е подржана од дел од еминентни грчки историчари, но додека трае убедувањето со државата да се вршат археолошки ископувања кои датираат од старо Скупи, Србија веќе изгради Музеј во близина на тврдина во Лебане, кој го прогласи за Јустинијана Прима. 

Зошто токму во Скопје се верува дека се наоѓа Јустинијана Прима 

Според дел од македонските историчари во 525 година Јустинијан на територијата на денешно Скопје, создава град од 50.000 жители. Ова тврдење го базираат на 11 Новела од книгата De privilegiis archepiscopi prime Justinianie.


Се верува дека на територијата на Скопје пред 525 година, циркулирале околу 5.000 луѓе без постојано живеалиште, кои припаѓале на војската и токму ова место претставувало собирно место за војниците кои од тука се движеле кон северните борбени точки. 

Зборот skupis на латински значи собир, а во сродни јазици, вклучително и српскиот и денеска се користи (на пр. во зборот скупштина). Дел од историчарите веруваат дека токму именката Скопје води потекло од латинскиот збор skupis што во буквален превод означува собир. 

Во 525 година Јустинијан основа град на теориторијата на некогашното собирно место и тој град се претпоставува дека броел до 50.000 жители и околу него била изградена тврдина, чии остатоци се наоѓаат некаде покриени со земја. Но, слабото инвестирање на државата во археолошките истражувања произвело целосна стагнација околу докажување на ова теза, додека во меѓувреме српските историчари и археолози со поддршка на државата веќе изградија Музеј и ја прогласија околината на Лебане за Јустинијана Прима. Според македонските историчари, поддржани од дел од грчките историчари, Јустинијана Прима е токму Скопје, градот кој го изградил Јустинијан на некогашното собирно место на војската. 

Втора теорија е дека токму на територијата на Македонија се наоѓа остаток од некогашна црква епископија, поради која Скопје, го носело старото име Скупи. Историчарите веруваат дека остатоците од таа црква се наоѓаат покриени со слоеви земја на теориторија на Скопје. 

Од лингвистички аспект, пак, зборот скоп - кој е основната кованица за зборот Скопје - значи поглед, додека зборот епископ е поглед од повисоко. Класичните филолози веруваат дека на територија на Скопје се наоѓала тврдина која била позиционирана на високо (најчесто се реферира на планината Водно) од каде имало широка прегледност на целиот котлински дел од околу. Со тоа тврдината била стратешки и воено одлично позиционирана, што бил приоритет токму во времето кога се претпоставува дека Скопје настанало (VI век). 

Јазикот индицира, идејата е оправдана со историски записи, но материјални докази не се изведени 

Според македонскиот црковни историчари, кои зборуваа за „Женски магазин“ но инсистираа на анонимност со оправдување дека нивната теорија може да звучи како заговор во недостиг на материјални докази, главниот проблем е во тоа што не постои факторизација на македонската научна фела. Според нив, доколку добијат поддршка од грчките историчари и тие го покренат прашањето за локализација на остатоци од Јустинијана Прима, тогаш и државата би можела да ги сфати посериозно и да инвестира во нови археолошки истражувања. Дотогаш и покрај оправданоста на нивната теорија со историски записи и лингвистиката, државата за жал нема да ги сфати сериозно. 

И додека македонските историчари се во спрега со државата да издвојуваат ресурси за правење на обемно археолошко истражување во потрага по остатоците од некогашната епископија и ѕидовите на тврдината, српските историчари веќе ја прогласија околината на Лебане за Јустинијана Прима. 

Таму денеска е отворен Музеј во кој се зачувани остатоци најдени од оближен археолошки локалитет, направени се 3Д мапи и скици од изгледот на некогашната тврдина за која се тврди дека е Јустинијана Прима и голем број на податоци кои денеска претставуваат културен туризам на ова место. 

Лебане, Јустинијана Прима / ЖМ Архива 

Денеска токму овој музеј брои голем број посетители од сите страни на Балканот, кои плаќаат влезници само да ги видат остатоците од некогашната Јустинијана Прима. Освен културен центар, околината на ова место изобилува со природа, поради што станува туристички атрактивен предел. 

Србија е пример за тоа, како преку инвестиција во науката, може да се направи не само културна промоција, туку и да се развие туристичките потенцијал на едно мало место во југот на Србија кое едвај можете да го најдете на географска карта. 

Магдалена Стојмановиќ - Константинов