„Знаев дека мојата ќерка е зла уште кога имаше 3 години“: Морничава исповед на мајка на три деца - би сакала да беше мртва

Добивај вести на Viber

Аманда Лик, мајка на Џеси Кејтлин Мур – осудена на 18 години затвор за убиството на својата тетка Карен Лик – за првпат јавно проговори за ќерката и трагедијата што ја потресе Австралија.

Џеси во мај 2020 година ја усмрти Карен со удари од чекан, а потоа се однесувала како ништо да не се случило – застанала на бензинска, купила цигари и храна. Судот го оцени злосторството како сурово и немилосрдно, иако не било однапред планирано.

Аманда раскажува дека уште од детството знаела дека со ќерката нешто не е во ред.

Аманда Лик, принтскрин - социјални мрежи 

 Вели дека уште на тригодишна возраст крадела, лажела и покажувала морничаво однесување – дури ја удрила сестра ѝ со камен и потоа ја подлижала крвта. Подоцна, како тинејџерка, станала неконтролирана и насилна.

Карен, која била во пензија и почитуван тренер на кучиња, ѝ дала дом и поддршка, но тоа завршило кобно. Џеси ја нападнала додека седела и гледала телевизија – ја удрила најмалку 12 пати со чекан и ѝ ставила кеса преку глава.

Само недела дена по убиството, синoт на Аманда, Џејмс, загинал во сообраќајна несреќа. Таа е убедена дека чувството на вина поради смртта на Карен го уништило.

„Изгубив погрешно дете. Требаше Џеси да умре, а не Џејмс“, вели Аманда. „Не знам дали е психопат или едноставно зла, но за неа нема спас.“

Извор: blic.zena.rs