Карпош вечерва во ритам – кандидатот за градоначалник Лукровски на сцена со познати пејачи

Добивај вести на Viber

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, вечерва ќе се претстави пред граѓаните на општината на еден поинаков начин – преку концертна забава. 

Вечерва во 18.00 часот на платото кај Млечен ќе се одржи неконвенционална промоција на кандидатот за градоначалник за Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

На настанот ќе настапат познатите музички имиња Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов и Два бона. 

Лукровски избра концепт на неформална дружба со граѓаните, со цел, како што вели, „на непосреден и демократски начин да ја претстави својата програма и уверувањата кои ги застапува во кампањата“. 

Фото: Женски магазин

Настанот е замислен и како промоција на македонската песна и на домашните уметници, но и како можност граѓаните директно да бидат дел од неговата изборна активност.

Во изјава за Женски магазин, Лукровски истакна дека е оптимист и очекува изборна победа. „Се надевам на поддршка од граѓаните и верувам дека заедно ќе донесеме позитивни промени за Карпош,“ рече кандидатот.

Фото: Женски магазин

Поддршка за него дадоа и самите изведувачи. Пејачката Бојана Скендеровски, која првпат ќе настапи пред карпошани, рече дека лично го познава Лукровски и за него може да каже само убави зборови.

 „Ми е особена чест што ќе пеам во Карпош, бидејќи досега мојата музика немала простор тука,“ изјави таа. 

Премиерно вечерва во Карпош ќе се изведе и химната „Со љубов за Карпош“ во изведба на Андријана Јаневска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски. 

Огнен Здравковски, ја потврди својата подготвеност да застане зад ваков настан кој ги поврзува музиката и локалната политика.

Целото видео од прес-конференцијата погледнете го во продолжение: