Најбогатата и најукрасената црква на Балканот е токму во Македонија – чудо што мора да се види

Добивај вести на Viber

Во срцето на Радовиш се издига еден од најимпозантните храмови на Балканот – црквата „Св. Тројца“, позната и како „Златната црква“. Овој величествен храм е едно од најбогатите, најукрасените и најафтентичните црковни зданија во регионот, вистинско ремек-дело кое ја спојува духовноста со уметноста.


Кога за првпат ќе се влезе во оваа црква, впечатокот е едноставен – неверување за очи. Во секој камен, секоја икона и секој украс е вградена огромна љубов, посветеност и внимание. Таа уникатна комбинација на вера и естетика ја прави „Св. Тројца“ не само место за молитва, туку и галерија на духовно богатство.


По народот позната како црквата на Гуштеров, ктиторот на храмот, „Златната црква“ е симбол на величие, традиција и бесценета културна вредност.

Затоа, секоја посета на Радовиш е незамислива без да се запознае ова архитектонско чудо – храм кој раскажува приказна за историја, вера и безвременска убавина.


РЖМ/ИС  - ФОТО: Инстаграм/Википедија