За само 250 денари подготви вечера за целото семејство: Пејачот има 11 години помлада сопруга, која важи за ВИСТИНСКА БОМБА – а сега покажа дека е и одлична домаќинка (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Сопругата на познатиот пејач Дадо Полумента, атрактивната и секогаш уредна Ивона Полумента, повторно привлече внимание на социјалните мрежи – овојпат со своите кулинарски вештини

Иако важи за дама со истенчен стил и живот на висока нога, Ивона покажа дека зад нејзиниот гламур се крие жена која знае да ја завитка престилката и да угоди на своето семејство со домашна храна.

На својот Instagram профил, таа сподели фотографија од свежо подготвена домашна проја, заедно со рецепт кој изгледа едноставно, примамливо и – најважно – достапно.

 Цената за цело тавче е помалку од 500 денари, што ја прави оваа проја совршен избор за секојдневен оброк.

„Понекогаш ја правам во калапи за проја, а понекогаш вака, класично,“ напиша Ивона во описот на фотографијата, добивајќи голем број пофалби од следбеничките.

Но Ивона не плени само со изглед и кулинарски талент – туку и со зрелоста во односот со својот сопруг.

Пејачот Дадо Полумента (42) веќе подолго време ужива во хармоничен брак со својата 11 години помлада сопруга, со која има две деца. 

Во неодамнешно интервју, двојката откри дека нивната тајна за успешен брак не се крие во луксузот, туку во – искреноста и разбирливоста.

Една проја, многу љубов и искреност – изгледа дека токму тоа е рецептoт на семејството Полумента за среќа и хармонија.

Извор / Фото извор: Принтскрин Инстаграм