КАТАРИНА ГРУЈИЌ ПОКАЖА МАЛ РАЈ ВО КОЈ БЕГА ОД ОБВРСКИ: УЖИВА ВО СОПСТВЕНАТА КУЌА ОПКРУЖЕНА СО ВОЛШЕБНО ЗЕЛЕНИЛО (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Катарина Грујиќ го напушти Белград и со најблиските замина да одмори од градската врева и обврските.

По многубројните обврски што успешно ги заврши, пејачката реши да ужива во природа заедно со своите најмили.

Парче рај далеку од градската врева

Катарина има сопствени апартмани во кои ужива кога не се резервирани, а најмногу време сака да поминува со блиските пријатели, семејството и ќерката.

Пејачката покажа дел од рајот во кој бега секојпат кога слободното време ѝ го дозволува тоа. Апартманите уредени по нејзин вкус и зеленилото што ги опкружува јасно се гледаат на фотографијата што ја објави на Инстаграм.

Printscreen Instagram 

Наследство

Катарина никогаш не криела дека куќата во Белград ја наследила од својот татко.

– Повеќе би рекла дека среќник е мојот тато кој го направил ова, па дури потоа јас, која го наследив. Мислам дека е нормално родителите да прават сè за своите деца, доколку имаат можности. Така ќе направам и јас за мојата Каќа – изјави Катарина.

Ова е мајката на Катарина Грујиќ

Пејачката никогаш не ги истакнувала членовите на семејството во прв план, бидејќи настојува да ги заштити од прекумерна медиумска експонираност.

Освен што повремено ја покажува својата сестра на социјалните мрежи, останатите блиски луѓе ги чува далеку од очите на јавноста.

Printscreen

Како една од најатрактивните пејачки на естрадата, многумина со години се прашуваат од кого ја наследила убавината, а неодамна таа објави фотографија со својата мајка.

Извор: Kurir.rs