„Кралот без круна“ подготвува јубилеј: Миле Кузмановски со концерт за 35 години на сцената

Добивај вести на Viber

Популарниот фолк пејач Миле Кузмановски ќе одржи јубилеен концерт на 24 декември во Националната опера и балет (НОБ) по повод 35 години успешна музичка кариера.

На сцената, Кузмановски ќе настапи во придружба на Камерниот оркестар, а концертот ќе претставува патување низ неговите најубави хитови.

– Времето летна, и еве дојдовме до 35 години од првата песна. На концертот ќе се најдат дел од моите најпознати нумери, бидејќи досега имам снимено над 130 песни – открива Миле.

Пејачот најавува дека публиката ќе може да ги слушне незаборавните хитови „Не кани ме“, „Крал без круна“, „Сè што побарав од тебе Господе“ и многу други омилени композиции.

– Планирам да поканам и неколку гости, но нивните имиња ќе останат изненадување до самиот концерт – додава Кузмановски, ветувајќи вечер исполнета со емоции, сеќавања и музика која трае повеќе од три децении.


РЖМ/ИС  - Фото: Фејсбук


**Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група