Моден фокус // Трендови
Маја Панчева се пофaли со нова фризура

Македонската пејачка и сопруга на легендарниот Дарко Панчев, Маја Гроздановска Панчева се огласи на својот Инстаграм профил, споделувајќи фотографија со својата нова фризура.
Таа позираше гордо и самоуверено, оставајќи впечаток на жена која зрачи со нова енергија и лична исполнетост.
Фановите веднаш ги преплавија коментарите со пофалби, забележувајќи дека промената ѝ прилега совршено.
Но, новата фризура не е само стилски избор – таа често е симбол на нови почетоци и позитивни промени.
Не се исклучува можноста оваа трансформација да е вовед во нови професионални проекти, бидејќи Маја и досега знаела со елеганција и стил да најави нови животни поглавја.