„Мојот татко уби човек, па мистериозно настрада – мислам дека беше крвна одмазда“: Милан Станковиќ носел страшен товар, еве што било пресудно да се сврти кон верата

Добивај вести на Viber

Милан Станковиќ, поранешна поп ѕвезда позната по енергичните настапи и ексцентричен стил, пред неколку години неочекувано се повлече од јавната сцена. 

Преку „Ѕвездите на Гранд“ веднаш стана миленик на публиката и на Сања Поповиќ, а неговите песни беа хитови. Но, во моментот на најголемата слава, направи пресврт и ја напушти сцената.

Клучен момент беше советот на неговата мајка: „Направи пауза, сочувај ја душата.“ Милан вели дека повеќе сака да ја плати својата слобода отколку да ја продаде душата.

Неговиот живот е обележан со траума уште од детството. Татко му завршил во затвор кога Милан имал само пет месеци, а таму и починал под, како што тој тврди, неразјаснети околности. 

Printscreen YT

Случајно пронашол писма од татко му од затворот, полни со болка и надеж, што оставило длабок белег. Мајка му самостојно се грижела за него и сестра му, работејќи напорно за да преживеат.

Милан отворено зборуваше и за врсничкото насилство – навреди, кинење ранци, изолација. Вели дека тоа го направило посилен и го насочило кон музиката и уметноста, каде што можел да биде тоа што сака.

Во последните години утеха нашол во верата. Во јавноста одекна како бомба веста дека сака да стане искушеник во манастирот Подмаине во Црна Гора. Сепак, духовниците објаснија дека Милан не покажал монашки амбиции, туку духовна потреба да се најде себеси. Често престојува во манастирот како во „духовна бања“ и бара внатрешен мир.

Игуманот отец Рафаило станал негов духовен водич, помагајќи му да ги надмине недоумките. Манастирот за Милан претставува место за духовно прочистување, а не медиумска сензација.

„Милан сака да биде вистински христијанин, и тоа е за пофалба,“ велат од манастирот. Неговиот пат можеби е далеку од монаштво, но е исполнет со искрена потрага по мир и духовна смисла – поинаква од онаа што некогаш ја имаше на големата сцена.

Извор: Kurir.rs / Фото: Printcreen YT/Instagram(М.С.К)