Никој не зборува за ова... но секоја врботена жена треба да го знае
Никој не ти кажува... но секоја мајка која работи ова го чувствува. Да се балансира работа, деца, дом, брак и себеси – не е лесно. Токму затоа често нè следат вина, замор и чувство на распнатост.
Овие десет вистини ги препознаваат многу жени, но ретко зборуваат гласно за нив.
Ти не си сама.
Ако се пронајде во овие реченици – знај дека е можно да изградиш повеќе мир, сила и баланс во секојдневниот живот.
10 вистини кои секоја жена треба да ги слушне
Не можеш да направиш сè одеднаш. Фокусот на една работа во даден момент е единствениот начин да ја зачуваш енергијата и нервите.
Без разлика дали работиш, тренираш или си со партнерот – секогаш чувствуваш дека „земаш“ нешто од некого. Вистината е дека вината никогаш не исчезнува, туку учиш да живееш над неа.
Децата, работата, домот – секогаш се пред тебе. Ако не вложуваш свесно во односот, дистанцата доаѓа тивко и побрзо отколку што мислиш.
Читање, прошетка, медитација – секогаш мислиш дека можеш да правиш нешто „покорисно“. Но токму тоа е условот да бидеш трпелива мајка и жена полна љубов.
Постои ден кога нема да се чувствуваш доволно добра во ниту една улога. Тоа не значи дека си слаба – туку дека носиш премногу. Пауза не е слабост, туку храброст.
Времето и парите не значат ништо ако си исцрпена. Сон, храна и мали паузи се гориво без кое сè се распаѓа.
Нема совршен баланс. Понекогаш децата се приоритет, понекогаш работата, брачниот однос или твоето тело. Баланс значи свесно да го избираш она што е најважно токму сега.
* Мултитаскингот е илузија.
* Вината е постојан придружник.
* Бракот често паѓа на последно место.
* Грижата за себеси на почеток изгледа себично.
* Чувството на „распнатост“ е нормално.
* Твојата енергија е вистинската валута.
* Балансот не е цел, туку постојано прилагодување.
Овие зборови доаѓаат од заедницата Osnažena žena, која наскоро го најавува својот нов коучинг програм „Osnažena u balansu“ – посветен на жените кои сакаат да најдат мир и рамнотежа во секојдневниот хаос.
РЖМ/ИС - ФОТО: Фрипик