„Ново срце запиша први отчукувања“: Жена од Скопје се породи во амбулантно возило кое било во движење

Добивај вести на Viber

  Во текот на вчерашниот ден, се случи вистинско чудо на животот – жена се породила во амбулантно возило, на пат кон болница, откако породувањето започнало неочекувано брзо.

 Медицинскиот тим кој бил во службата реагирал навремено и професионално, овозможувајќи безбеден и успешен породување надвор од стандардна родилна сала.

  Новороденчето, здраво девојче, го здогледало светот само неколку минути по полноќ, додека возилото било во движење.  

Според објавата на д-р Даниел Кировски, кој бил дел од тимот, породувањето поминало во мирна и координирана атмосфера, со срце полно адреналин и целосна посветеност на пациентката.

„Во вакви моменти потсетуваш зошто си го избрал овој повик – затоа што животот понекогаш се раѓа баш таму каде што најмалку очекуваш,“ напиша докторот во емоционална објава.

И мајката и бебето се во добра здравствена состојба и веднаш по пристигнувањето се згрижени во здравствена установа.

 Случката уште еднаш потврдува колку е клучна улогата на медицинските екипи, особено во моменти кога секунда може да направи разлика.