Охрид фест им донесе нов успех: Дорис Ди и Наум Бумбаровски наградени од публиката

Младата пејачка Дорис Ди и харизматичниот Наум Бумбаровски освоија трето место од публиката на интернационалната вечер на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“, што се одржа на 30 август.
Дуото настапи со песната „Ден и ноќ заедно“, која веднаш ги освои срцата на присутните. Нумерата носи потпис на некои од најголемите имиња на македонската музичка сцена – текстот е на Огнен Неделковски, музиката на Григор Копров, а аранжманот на Давор Јордановски.
Дорис Ди, млад талент под менторство на Ана Дурловски и Андријана Јаневска, професионално со музика започна во 2019 година. Ова и е второ учество на „Охрид фест“ – лани ја претстави својата песна „Нека свети“, а годинава за првпат ќе настапи и на „Макфест“. Зад себе веќе има настапи на бројни интернационални фестивали, во земјава и надвор од неа.
Нејзиниот сценски партнер, Наум Бумбаровски, е добро познат на јавноста по победата во музичкото шоу „Патот до ѕвездите“. Нивната заедничка енергија на сцената покажа дека ова е само почеток на едно ветувачко музичко патување.
Ирена. С