„Она што ќе го пејам во Филхармонија, сигурно е тоа што публиката од Македонија многу го сака“: Сергеј Ќетковиќ за концертите на 17 и 18 јуни во Скопје

Црногорскиот романтичар Сергеј Ќетковиќ на 17 и 18 јуни ќе ги одржи закажаните концерти во Филхармонија пред македонската публика.
Првично беа закажани за во месец март, но поради трагичниот пожар во Кочани, концертите беа одложени.
„Сите купени билети остануваат важечки и за новите датуми. Ако некој не е во можност да присуствува, може да поднесе барање за рефундација на средствата. Рокот за рефундација е 8 април”, информираа од продукцијата „Евентум“.
Пред 15 години во 2011 година на концертот во Скопје, Сергеј го прослави неговиот роденден, оваа година слави 26 години музичка кариера.
- Што се однесува до концертот, самата временска дистанца од 2011 година до сега 2025, скоро 15 години си го направила своето. Така што концертите сигурно ќе бидат поразлични, јас сум секако поинаков, се случија многу убави песни, па репертоарот ќе биде и побогат. Она што ќе го имаме на репертоар е сигурно тоа што луѓето од Македонија многу го сакаат, тоа ќе бидат некои убави песни.