Пет децении звук: „Леб и Сол“ повторно го освојува Балканот

Добивај вести на Viber

Една од најзначајните македонски рок групи, Леб и Сол, основана во Скопје во 1976 година, годинава ја одбележува својата 50-годишнина со јубилејна регионална турнеја.

Познати по уникатната фузија на рок, џез и етно елементи, бендот зад себе има богата историја и влијание не само во Македонија, туку и во поранешна Југославија.

По распадот во 1995 и индивидуалните кариери, членовите повторно се обединија, а новата постава – Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Михаил Парусев и Димитар Божиков – одржа спектакуларен концерт на Хераклеа во Битола, со кој и официјално ја започнаа турнејата „Јубиларни 50“. 

Настапот беше дел од отворањето на БИТФЕСТ, пред повеќе од 2.000 луѓе.

Турнејата продолжува во јули со настапи на фестивалите „Башчаршиске вечери“ во Сараево, „Искри на иднината“ во Столац, Шибеник и други градови во регионот. Во организацијата е вклучена и меѓународната продукција „Мост“.