По 28 години го облече истиот фустан со кој настапи на Евровизија: Како изгледа денес последната претставничка на Југославија за Евросонг

Добивај вести на Viber

Со еден потег пред неколку години таа ги воодушеви сите кога после 28 години го облече истиот фустан со кој настапи на Евровизија.

Последната претставничка на Југославија на Евровизија беше пејачката Снежана Бериќ, попозната како Екстра Нена, која на овој натпревар настапи во 1992 година и го освои 12. место со песната „Ljubim te pesmama“.

Екстра Нена тогаш беше многу популарна на нашите простори, а со својот моќен вокал и елеганција успеа да го освои светот.

Тогаш се зборуваше дека на нејзиниот пласман влијаела тогашната политичка ситуација во Југославија, па пејачката со текот на времето се повлече од јавноста.

Сепак, таа се појави на Беовизијата во 2020 година и ги воодушеви сите кога настапи во фустанот што го носеше кога пееше на Евровизија.

Многумина коментираа дека оваа тоалета се уште изгледа совршено на неа, и дека е вистинска дама, а нејзиниот настап можете да го погледнете во видеото подолу:


Таа и денес на 62 години е вистинска убавица.

View this post on Instagram

A post shared by Snezana Beric (@snezananenaextra)


извор:nova