Благица Павловска се огласи со загрижувачка порака: „Заробена сум“ - за сѐ е виновен дигиталниот свет

Дека дигиталниот свет станува опасно место во кое може да дојде до разни злоупотреби, говори и примерот со познатата фолк пејачка Благица Павловска.
Нејзината публика ја следи на социјалната мрежа „Фејсбук“ каде Благица Павловска редовно ажурира податоци кои се поврзани со нејзините настапи, но и приватни средби. Еден од неколкуте профили на социјалната мрежа ѝ служи за комуникација со публиката, но и за архивирање на лична меморија од средби со драги луѓе.
Неодамна се огласи токму Благица Павловска и за јавноста откри дека личниот профил во кој се содржани нејзините податоци е отуѓен од како што ги нарече „хакери“.
Иако оваа објава ги загрижи нејзините следбеници, повеќето од нив останаа спокојни бидејќи Павловска поседува уште неколку профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ на кои е активна и објавува нови содржини.
Овој пример е уште една потврда дека јавните личности, особено профилите кои имаат поголем број на интеракции се мета на сајбер напади.